• петок, 19 април 2024

Постепен пораст на дневните температури до крајот на неделава

Постепен пораст на дневните температури до крајот на неделава

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Времето наутро постудено, а преку денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје наутро постудено, а преку денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Според прогнозата на УХМР, до крајот на неделава ќе се задржи стабилно и суво време, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури.

-Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник, соопшти УХМР. хс/вг/

Остани поврзан