• понеделник, 23 декември 2024

Поставени нови заштитни столобови на градските сообраќајници

Поставени нови заштитни столобови на градските сообраќајници
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје изминативе денови поставија над 100 заштитни столобови  на  булеварите „Гоце Делчев“ и „Трета македоска бригада“, и на улиците „11-ти Октомври“ и „Димитрие Чуповски“.
На истите локации се санирани и постојаните заштитни столобчиња, кои беа оштетени од несовесни граѓани се со цел одржување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и за спречување на непрописното паркирање на возилата.
Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека продолжуваат со поставување на заштитни столпчиња на останатите улици каде што има потреба, како и со други активности за одржувањето на сообраќајната опрема и сигнализација на градските улици и булевари.са/

Остани поврзан