• петок, 05 декември 2025

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Лисабон, 5 ноември 2025 (МИА) – Португалските власти во Атлантски Океан запленија подморница, која превезувала 1,7 тони кокаин, при што се приведени четири лица.

Подморницата, што се движела кон Ибериски Полуостров, е запленета во соработка со Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија и Американската агенција за сузбивање дрога.

Двајца од уапсените се државјани на Еквадор, еден е од Венецуела и еден од Колумбија.

Изминатите години сè почесто се транспортира дрога со подморници. Во март беше конфискувана подморница во близина на Лисабон со 6,5 тони кокаин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан