• петок, 26 јули 2024

Португалскиот премиер Коста во посета на Тирана

Португалскиот премиер Коста во посета на Тирана

Тирана, 3 декември 2023 (МИА) - На покана на албанскиот премиер Еди Рама во посета на Тирана е неговиот португалски колега, Антонио Коста.

Тие разговараа за иновативни дигитални проекти и модели на вештачка интелигенција што ги развиваат двете влади.

Токму Рама ги откри овие детали преку објава на Фејсбук, нагласувајќи дека една од точките за која зборувале е трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за што како што најави Рама,  ќе испратат тим експерти во Португалија.

-Посебното задоволство од денешната посета на премиерот на Португалија, Антонио Коста, познатиот и високо ценет реформатор, со кого разговаравме и за иновативни дигитални проекти, моделите на вештачка интелигенција што ги развиваат нашите влади, како и за трансформативната програма на португалската влада за социјални станови, за која ќе испратиме  тим експерти во Португалија, напиша Рама. 

Според објавените фотографии тие се прошетале низ Тирана, а застанале и кај позната Пирамида.

Култната градба во облик на пирамида, изградена пред 30 години како музеј во чест на комунистичкиот лидер, Енвер Хоџа, по целосната реконструкција сега е  најголем центар за  дигитална технологија на Балканот. вт/


Фото: Рама ФБ

Остани поврзан