• четврток, 21 ноември 2024

Портпаролот на израелската армија го предупреди Иран од понатамошна ескалација

Портпаролот на израелската армија го предупреди Иран од понатамошна ескалација

Тел Авив, 26 октомври 2024 (МИА) – Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

- Ако режимот во Иран направи грешка да почне нова рунда на ескалација – ние ќе бидеме обврзани да одговориме, рече Хагари утрово.

- Нашата порака е јасна: Сите оние кои и се закануваат на државата Израел и се обидуваат да го вовлечат регионот во поширока ескалација – ќе платат висока цена, нагласи тој.

- Денеска покажавме дека имаме и способност и решителност да дејствуваме решително – и сме подготвени – во напад и одбрана – да ја браниме државата Израел и народот на Израел, продолжи Хагари.

Хагари рече дека нападите врз воени цели во Иран ги спречиле непосредните закани за Израел. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан