• недела, 22 декември 2024

Порто го назначи Бруно за нов тренер, а Вилаш Боаш за претседател

Порто го назначи Бруно за нов тренер, а Вилаш Боаш за претседател


Порто, 7 јуни 2024 (МИА) – Витор Бруно, досегашниот помошник на отпуштениот тренер Серџо Консеисао, е назначен денеска за негов наследник на клупата на поранешниот двократен европски првак.
Бруно (41), како што објави вечерва Порто, стави потпис на договор до лето 2026 година.
Серџо Консеиао успешно го водеше Порто седум години, освојувајќи 11 трофеи во тој период, вклучувајќи го и Купот на Португалија, кој „змејовите“ го освоија на 26 мај победувајќи го лисабонски Спортинг во финалето. За време на неговиот мандат, Порто три пати беше шампион на Португалија (2018, 2020 и 2022 година), но оваа сезона ја заврши на третото место, со 18 поени помалку од шампионот Спортинг и осум поени зад второпласираната Бенфика
Паралелно со нов тренер, Порто денеска доби и ново клупско раководство. Претседателската функција ја презеде поранешниот тренер на Порто, Андре Вилаш Боаш, а нов спортски директор е поранешниот шпански репрезентативен голман Андони Зубизарета. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан