• вторник, 09 јули 2024

Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени

Портокалов аларм до средината на наредната недела, температури и над 40 степени

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Особено топло ќе биде од четврток  до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан