• сабота, 27 јули 2024

Поранешната премиерка на Тајланд, Јинглак Шинаватра е ослободена од обвиненијата за корупција

Поранешната премиерка на Тајланд, Јинглак Шинаватра е ослободена од обвиненијата за корупција

Бангкок, 4 март 2024 (МИА) - Тајландското правосудство денеска ја ослободи поранешната премиерка Јинглак Шинаватра од обвиненијата и затворските казни во еден од случаите на корупција поврзани со нејзиното контроверзно владеење за време на нејзиниот тригодишен мандат.

Врховниот суд едногласно ја ослободи поранешната премиерката обвинета за проневера на тендер во 2013 година во врска со инфраструктурен проект вреден 240 милиони бати (6,2 милиони евра).

Јинглак Шинаватра „немала намера“ лично да се збогати, оценија девет судии.

Поранешната премиерка (56), која живее во егзил, е една од фигурите во влијателниот клан предводен од нејзиниот брат Таксин Шинаватра, кој повеќе од 20 години зазема централно место во политичкиот живот на Тајланд.

На власт меѓу 2011 и 2014 година, Јинглак Шинаватра беше соборена со воен удар, како и нејзиниот брат во 2006 година. Таа е во егзил од 2017 година за да избегне претходната петгодишна затворска казна поради корупција. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан