Поранешен шеф на каталонскиот огранок на Народната партија ранет во центарот на Мадрид
- Поранешниот шеф на каталонскиот огранок на Народната партија Алехо Видал Квадрас е ранет во Мадрид кога непознат напаѓач го застрелал со пиштол, соопшти шпанската полиција.
Мадрид, 9 ноември 2023 (МИА) - Поранешниот шеф на каталонскиот огранок на Народната партија Алехо Видал Квадрас е ранет во Мадрид кога непознат напаѓач го застрелал со пиштол, соопшти шпанската полиција.
Видал Квадрас (78) не е во животна опасност, но се здобил со прострелна рана во пределот на долната вилица.
Според шпанските медиуми, инцидентот се случил во центарот на Мадрид околу 13 часот, по што политичарот бил пренесен во блиската болница.
Полицијата соопшти дека напаѓачот бил на мотор и дека се уште трага по него.
Областа каде што се случи инцидентот е обезбедена.
Видал Квадрас беше член на Европскиот парламент (ЕП) од 1999 до 2014 година, а беше прв потпретседател на ЕП од 2004 до 2007 година.
Тој исто така беше долгогодишен член на Народната партија, по што помогна во основањето на екстремно десничарската партија Вокс, која подоцна ја напушти. паг/
Фото: ЕПА