Пораки за сплотеност и единство на отворањато на осмата регионална конференција на Здружението на судии за „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“
- Судиите мора да бидат единствени, обединети и здружени, бидејќи не е можно да постои ефективна судска власт ако е поделена од различни фактори. Само сплотени судиите се силни. Ова беше порачано на отворањето на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Здружениеот на судии, во соработка со Амбасдата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага.
Охрид, 5 декември 2024 (МИА) – Судиите мора да бидат единствени, обединети и здружени, бидејќи не е можно да постои ефективна судска власт ако е поделена од различни фактори. Само сплотени судиите се силни. Ова беше порачано на отворањето на осмата регионална конференција на тема „Унапредување на довербата и авторитетот на судската власт преку поголема независност и транспарентност“, што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Здружението на судии, во соработка со Амбасдата на САД и ЦЕЕЛИ институтот во Прага.
Претседателот на Здружението на судии и претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев на отворањето на конференцијата порача дека само сплотени судиите се силни и само во таков случај се олицетворение на судската власт.
- Сметам дека во време на поларизирано и конфорнторано општество генерално, во време кога владее граѓанска недоверба во институциите на државата да се биде судија е можеби најтешката работа. Не е едноставно, ниту пак е мотивирачки да се биде судија во време кога фелата е напаѓана на секаков можен начин, која неспорно е слабо платена професија, во време кога судството е на континуира отстрел и критики на медиумите, политичарите, бизнис елитите, кога судиите се целосно незаштитени и оставени сами на себе, изјави Џолев.
Од суштинско значење, порача Џолев, е судската фела да го поседува потребниот интегритет и почит од општетсвото и граѓаните и да им се обезбеди достоинствен живот и услови.
За жал реалноста е дека во изминатите години судската фела беше постојано напаѓана и дека подолго време од разни општествени чинители се работење на девалвација на судиите и рушење на нивниот интегритет. Се креираа мислења дека довербата кон судството не постои или дека е минимална, а кај поттикнуваше негативна перцепција кон судството, иако примарна цел и заложба на судиите е да и заштитиа токму нивните права, рече Џолев.
Вирџинија Елиот, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) при Амбасдаата на САД, основите на независно судство – транспарентнотс, интегритет, ефикасност, правично и праведно судење и одговорност се универзални елементи за обезбедување на владеење на правото, стабилноста и просперитет во демократските општества.
- Судските реформи не се само за подобрување на работата на судовите и процесот на избор и унапредувања, туку исто така и за испорачување на навремена правда и јакнење на јавната доверба, за сите граѓани. Американската амбасада е долгогодишен поддржувач на оваа судска конференција и тоа е потврда на нашата посветеност за охрабрување на оние кои секојдневно се борат за интегритет, праведност и вистина. Ќе продолжиме да ги поздравуваме светлите точки во судството, храбрите кои не потклекнуаваат на притисоците од надвор. Затоа Ве повикувам, како што неодамна амасадорката Агелер порача: одберете акција наспроти самооправдување, пркост наспроти оставка, храброст наспроти страв. Сметаме на Вас, исто како и сите граѓани, нагласи Елиот.
За крај, Елиот посочи, дека изминатиот период судството често е во јавниот фокус и дека ги забележуваат владиното прашања за интергитетот на судиите и обвинителите.
Нашата порака останува иста – почитувајте ја судската независност. Дозволете претставниците на судството да ја работата својата работа без политички притисок или влијанија, нагласи Елиот, отворајќи го прашањето за тоа кој ќе биде одговорот на судиите.
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, порача дека не може да постои доверба, а најмалку јавна доверба без да постои личното уверување на вредностите на принципите на правдата, како и дека судиите мора да бидат единствени, обединети и здружени.
-Како е можно да постои ефективна судска власт ако е поделена од различни фактори. Каков интегритет може да изгради судството, ако тоа не е отпорно на центрите на влијание. Тоа се коси со целиот корпис меѓународни и домашни документи кои што ја гарантираат судската самостојност. Затоа е потребно да посветиме мнпогу повеќе внимание на принципот на солидарност. Солидарност меѓу судиите, но и солидарност со граѓаните и тоа мораме да го направиме со силно зајакната транспарентност, порача Адеми.
Преку независноста и транспарентноста, нагласи Адеми, се зајакнува авторитетот и довербата во судството, но така се штити и угледот. Затоа, нагласи таа, за угледот на судството е важно да се прифати принципот на отвореност.
Заменик претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели, порача дека независноста на судската власт подразбира и финансиска независност, како и дека судската власт треба да биде не само ефикасна, туку и транспарентна и независна.
- Независноста на судската власт подразбира независност во финансиското управување, независност на судскиот буџет и распределба на финансиските средства за соодветни ресурси за функционирање на судовите низ целата земја, изјави Зендели.
Заменик министерот за правда Ален Деребан, во контекст на случувањата во правосудството во државата и моментумот на организирање на конференцијата, порача дека сведоци сме на бројни слабости во функционирање на правосудниот систем што перманентно резултира со постојано намалување на довербата на граѓаните во судството.
- Предизвикано од долготрајноса на судските постапки, оптовареноста на судовите со голем број на предмети, злоупотреба на процесните дејствија од страна на сите учесници во постапката, па дури и од судиите. Недоволна транспарентност во работата, со еден збор, непочитување и изигрување на законите, спорост на правдата и правораздавањето, со што се загрозуваат устарвно утврдените лични и заеднички општествени добра и вредности, порача Деребан.
Ваквата состојба, посочи Деребан, резултираше со Оценска мисија во Судскиот совет и препораки за измени и подобрувања на Законот за судски совет. МП, за таа цел, нагласи Деребан, формираше работна група, која изминатиот период ги адресираше препораките во конкретни законски решенија по кои во моментов се одржуваат стручни јавни расправи.
- Ве уверувам дека дадените предлози од судската фела за надминување на настанатите состојби ќе бидат вградени во законот. Сепак, да нагласам дека законот не беше причина за настанување на овие проблеми во функционирањето на Судскиот совет, ниту пак, само законот претставува лек за нивното надминување, порача Деребан.
Судии од земјава и регионот, професори, правници и престатвници од невладиниот сектор, во рамки на затворениот дел на конференција, поделени во неколку панели ќе разговараат и споделуваат искуства во насока на поголема пристапност на јавноста до работата на судот, како и најдобрите практики и препораки, спроведени на меѓународно ниво во правец на поголема независност на судската власт преку поголема транспарентност и отчетност, а ќе бидат споделени и резултати од анализа на спроведени судски реформи во земјава.
Повеќе судии од Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, во рамки на еден од панелите на конференцијата, ќе зборуваат за предизвиците и препораките за поголема независност и интегритет на судството преку финансиска стабилност, соработка со централната и извршната власт, како и следење и имплементирање на дигиталните алатки за поголема ефикасност.
Во рамка на конференцијата, утре ќе бидат презентирана и анкета за задоволството на корисниците од судските одлуки, како и презентација на анализи во врска со формирањето и досегашната работа на Судско-медиумскиот совет во насока на поголема транспарентност меѓу судиите и новинарите. аа/нд/
Фото: МИА