• четврток, 26 декември 2024

„Порака Наша“ одбележа 18 години од постоењето, години исполнети со предизвици кои се надминуваат со поддршка на локалната заедница

„Порака Наша“ одбележа 18 години од постоењето, години исполнети со предизвици кои се надминуваат со поддршка на локалната заедница

Куманово, 6 декември 2024 (МИА) - Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово, денеска одбележа 18 години од функционирањето. Локална власт, донатори, бизнис заедницата, граѓани-поединци, претставници од училишта, ученици, го честитаа денот и на корисниците и на тимот кој осумнаесет години придонесува да се зајакне свеста за процесот на инклузија, да станат самоодржливи и активни чинители во локалната заедница.

- Навистина сме богати кога гледа е колку пријатели имате. Патот воопшто не беше лесен, вложивме труд, истрајност, ние корисниците, родителите на лицата со попреченост. Од 20203 – та сме лиценциран давател на услуги. Акцент во моментов е ставен на професионалната рехабилитација, набавени се нови машини за печатење и репроматеријали, за производство на персонализирани производи кои ќе се понудат на бизнис задницата и на тој начин да развиеме социјално претприемништво, изјави Фросина Симоновска Антевска од „Порака Наша“.

Целта на порака наша е преку процесот на персонална рехабилитација да се овозможи вработување е на лицата со интелектуална попреченост на отворен пазар на труд.

- Патот беше трнлив, исполнет со предизици нѐ чекаат дополнителни, но горди сме на успехот кој е заеднички на целата локалната заедница на сите нас, локална заедница, бизнис заедница, граѓани поединци, медиумите кои придонесоа да станеме видливи и препознатливи, кажаа Мартина Костовска и Јелена Стаменковиќ од „Порака Наша“.

Претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска рече дека е горда што после 18 години корисниците стануваат самоодржливи. Финансирањето се спроведува преку Министерството за труд и социјална политика.

- Важно е што е стремиме за отварање на мали групни домови, дополнителен чекор за развој на организацијата и поддршка на корисниците, вели раководителот на секторот за социјална заштита од општина Куманово, Александар Крстевски.

Корисниците го прославија роденденот со торта, желби за успешна иднина. Овој нивен заеднички роденден го прославуваат со надеж дека ќе се развијат уште повеќе со одлични можности и работа на професионална рехабилитација и поддршка за семејствата.

ЗРЦЛИП „Порака Наша“ од Куманово е социјално-хуманитарна, невладина, непрофитна граѓанска-родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.

Од 2023 година здружението е лиценциран давател на социјалната услуга центар за рехабилитација и реинтеграција. Центарот за рехабилитација и реинтеграција е социјална услуга за поддршка на возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 години каде што, со употреба на иновативни помагала, се стекнуваат вештини за самостојно живеење, а нивните семејства ја добиваат потребна помош и поддршка. Вештините за независно живеење овозможуваат полесно интегрирање на лицата со интелектуална попреченост во локалната заедница. Корисниците на „Порака наша“ се препознатливи во градот, речиси и да нема активност во која не се вклучени, што значително влијаеше врз подигање на свеста меѓу граѓаните на Куманово дека секој треба да е вклучен во локалната заедница и функционирање. ам/сст/


Фото: МИА

Остани поврзан