• петок, 27 декември 2024

„Порака наша“ Куманово ќе работи на професионална рехабилитација на корисниците

„Порака наша“ Куманово ќе работи на професионална рехабилитација на корисниците

Куманово 9 февруари 2024 (МИА) - Здружението „Порака наша“ од Куманово како центар за рехабилитација и реинтеграција за лица со попреченост над 18 години ќе се фокусира на професионална рехабилитација, усвојување на работни вештини, вработување и самостојно живеење на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост за лица над 18 години, информираа денеска од здружението.

- „Порака Наша“ ќе остварува поинтензивна соработка со средните училишта и со приватните претпријатија, ќе ангажираме работен терапевт кој ќе работи во дневниот центар со корисниците за усвојување на работни вештини, со цел да може да се исполни последниот услов, алка од процесот на рехабилитација-вработување на лица со интелектуална попреченост, изјави Фросина Симоновска од „Порака Наша“.

Мал е процентот на лица со интелектуална попреченост на пазарот на трудот, дури и во заштитните работилници кои како форма се позастапени во државата.

- Нас нè радува што повеќе акцент ќе се стави на нови области од програмата. Акцентот нема да се става на дневно згрижување. Со формата дневен престој, акцентот беше ставен на дневно згрижување самата програма се менува и се приспособува на условите на локалната заедница и она што значи, поблиски закони до европските, додава Симоноска. 

Таа најави дека продолжуваат со промовирање на професионалната рехабилитација, но нагласи дека им е потребна помош од медиумите за промоција на процесот.

- Вработување на лица со попреченост не е ново што се случува западните земји. Го видовме тоа преку реализирање бројни проекти. Мора сите заедно да се вложиме во оваа област, зашто целта ние инклузија и интеграција на лицата со попреченост во локалната заедница, изјави Симоновска.

После 17 години „Порака наша“ доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и веќе не е дел од буџетот на општината. Системското решение го бараа родителите на корисниците и сите кои се залагаат за интеграција на лицата со попреченост.

„Порака наша“ акцент става и на подигање на јавната свест како нова социјална услуга во заедницата. Денеска по повод месецот на љубовта ученици од „Наце Буѓони“ заеднички со корисниците креираа ракотворби, честитки. На овој начин се промовира различноста во заедницата. Ученичката Александра Спасовска вели дека училиштето заеднички со „Порака Наша“ со години се обидуваат да ја подигнат свеста за различностите. ам/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан