• четврток, 21 ноември 2024

Пораз на Ѓорческа во финалето на фјучрсот во Рим

Пораз на Ѓорческа во финалето на фјучрсот во Рим

Рим, 14 јули 2024 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалниот меч на ИТФ фјучрсот W75 Рим што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Таа во финалето за еден час и 41 минута игра загуби од Русиката Оксана Селехметева со 2:0, по сетови 6:1 и 7:6 (3). 

За пласманот во финалето нашата тенисерка ќе освои 49 поени, ова воедно беше и настап во финале за Ѓорческа на турнир од највисока категорија во нејзината кариера во поединечна конкуренција.

За Ѓорческа ова беше второто финале во 2024 година (втор пораз), додека во кариерата го играше 35. финале и остана со 13 турнирски победи.

Македонката ја очекува скок на ВТА листата, особено што ќе и бидат впишани поените од овој турнир (лани беше полуфиналистка) како и поени за настапот во квалификациите на Вимблдон.

Најдобрата македонска тенисерка од понеделник ќе има настап на турнир во Порто од истиот ранг – W75 Porto. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан