Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Македонска Каменица - Делчево
- Поради сообраќајна несреќа на излезот од Македонска Каменица, сообраќајот од Македонска Каменица кон Делчево моментално е во прекин.

Македонска Каменица, 22 април 2025 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа на излезот од Македонска Каменица, сообраќајот од Македонска Каменица кон Делчево моментално е во прекин.
Според првичните информации до несреќата дошло по судир на две возила.
На терен е увидна екипа од МВР, од каде дополнителни информации најавија во текот на денот.
Поради несреќата сите кои патуваат кон М.Каменица и останатите градови се пренасочуваат преку алтернативниот патен правец Делчево - Бигла. вс/сст/
Фото: МИА