• четврток, 21 ноември 2024

Поради снегот забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци

Поради снегот  забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци

Скопје, 25 ноември 2023 (МИА) - Поради врнежи од снег на повеќе патни правци низ земјава се воведени забрани за движење. Од 13:00 часот на патот Кичево-Стража има забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти АМСМ.

Поради обилни врнежи на снег од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 15:20 часот, пак, на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила. Ваква забрана од 16:35 часот има и на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно.

Попладнево, од 16:30 патниот правeц Крива Паланка - Граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Од АМСМ информираат дека е здолжително користење зимска опрема (ланци) од 14 часот на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

- Од вечерва, од 21 часот сообраќајот на патниот правец Велес - Катланово се одвива по една коловозна лента. И на регионалниот пат Св. Николе-Куманово сообраќајот се одвива по една лента, наизменично и само за патнички возила, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан