• понеделник, 23 декември 2024

Поради расипана локомотива, затворен преминот за возила и пешаци на новиот мост „Гемиџии“ во Велес

Поради расипана локомотива, затворен преминот за возила и пешаци на новиот мост „Гемиџии“ во Велес

Велес, 23 јануари 2024 (МИА) - Утрово околу 6:50 часот во центарот на Велес се расипа електрична  локомотива на товарниот воз од Солунското пристаниште кој патувал за Средна Европа поради што скоро 1 час и 45 минути беше затворен преминот за возила и пешаци на новиот мост „Гемиџии“.

Како што информираат за МИА, од ЈП Македонски железници транспорт, сообраќајот беше нормализиран во 8:35 часот кога расипаната локомотива беше повлечена со помошна локомотива со која товарниот воз беше однесен на Железничката станица во Велес. Овој товарниот воз за Средна Европа од Железничката станица во Велес продолжи со транспортот во 9:10 часот.

Инаку поради расипаниот товарен воз утрово патничкиот воз од Велес за Гевгелија наместо во 7:25 од железничката станица во Велес тргна во 9:08 часот.

За време на застојот на возот се создаде голема колона на возила по велешките улици „8 Септември“ и „Благој Ѓорев“. Сообраќајната полиција веднаш реагираше и го расчистуваше хаосот, а сообраќајот од новиот Мост „Гемиџии“ беше пренасочен кон Стар Мост. 

Инаку застојот на новиот мостот „Гемиџии“ денеска најмногу  им создаде проблеми на жителите од левата страна на градот навреме да стигнат на работа, а децата да ги однесат на училиште или во градинка. ад/дма/

Фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан