Поради дефект утре без вода дел од Нерези
- Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Скопје, 3 август 2023 (МИА) - Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. сст/дма/