• сабота, 07 декември 2024

Поради дефект на водоводната мрежа, дел од домаќинствата во Делчево без вода за пиење

Поради дефект на водоводната мрежа, дел од домаќинствата во Делчево без вода за пиење

Делчево, 7 ноември 2024 (МИА) - Поради дефект на дел од водоводната мрежа во текот на ноќта дел од домаќинствата во Делчево ќе бидат без вода за пиење. 

Дефектот како што информираа од Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ е настанат поради премостување на дел од мрежата.

-Дефектот е од помал обем и ќе биде отстранет во раните утрински часови, информираа од претпријатието.

Апелираа до граѓаните на стрпливост со оглед на новонастанатата ситуација. 

Поради истекувањето на вода дел од улиците во градот и мал дел од Булеварот Македонија се под вода. вс/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан