Поради дефект, без вода утре дел од Скопје
- Водоснабдувањето на овие корисници ќе им биде прекинато од 7.30 часот, до завршување со работните активности.
Скопје, 12 август 2024 (МИА) - Поради дефект, дел од скопската територија утре ќе остане без вода за пиење, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што се наведува во соопштението, поради уличен дефект на улицата „Партизанска“ 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, како и дел од „Црвена Вода“ и дел од „Дане Крапчев“.
Водоснабдувањето на овие корисници ќе им биде прекинато од 7.30 часот, до завршување со работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива