Поради дефект без вода корисниците од улиците „Виничка“ и „Индира Ганди“
- Поради дефект на водоводна цевка Ф150 мм. на улица „Виничка“ крстосница со „Индира Ганди“, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од овие две улици.
Скопје, 16 август 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка Ф150 мм. на улица „Виничка“ крстосница со „Индира Ганди“, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од овие две улици.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ со намален притисок ќе останат корисниците од следните улици „Јован Хаџишишков“, „Злетовска“ и „Демирхисарска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:10 часот до завршување на работните активности. сст/дма/
Фото МИА архива