Поради дефекти, без вода дел од Скопје
- Како што појаснуваат од претпријатието, засегнатите ќе останат без вода за пиење до завршување со работните активности.
Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Поради дефекти, без вода во моментов е дел од градот, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „1“ во Долно Лисиче, прекинато било водоснабдувањето за корисниците од оваа улица од 9:30 часот.
Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 9:15 часот останале корисниците на дел од улицата „Дижонска“.
Како што појаснуваат од претпријатието, засегнатите ќе останат без вода за пиење до завршување со работните активности. бд/са/
Фото: МИА архива