Поради дефекти без вода делови од Кисела Вода
- Поради уличен дефект Ф „100“ на ул. „7 Батинци“ бб (до Поштата), во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Батинци и село Љубош од 13:00 часот до санирање на дефектот.
Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Поради уличен дефект Ф „100“ на ул. „7 Батинци“ бб (до Поштата), во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Батинци и село Љубош од 13:00 часот до санирање на дефектот.
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф „5/4“ на улица „Малешевска“ бб, исто така во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Малешевска“, дел од улицата „Антон Димитров“, како и улиците „Коперникова“ и „Славка Динкова“.
Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 13:00 часот до санирање на дефектот. сст/дма/
фото: МИА архива