• петок, 14 февруари 2025

Поплави на грчкиот остров Кефалонија, предупредување за невреме на Закинтос

Поплави на грчкиот остров Кефалонија, предупредување за невреме на Закинтос

Атина, 14 февруари 2025 (МИА) – Сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави предизвика невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија, а денеска до жителите беше испратена порака од бројот за итни случаи 112 да ги ограничат нивните движења, додека пак оние од Закинтос добија порака со предупредување за „опасни временски појави“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, поради обилниот дожд на Кефалонија се поплавиле делови од островот, било предизвикано лизгање на земјиштето, но и штети на патната инфраструктура.

Од бројот 112 за итни случаи денеска беше испратена порака до сите оние што се на островот поради „интензивните временски појави (врнежи од дожд) да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата на властите“.

Порака од 112 добија и жителите на Закинтос со предупредување за невреме од денеска во следните 24 часа и исто како и за оние на Кефалонија, апелот е да ги ограничат движењата. ср/

Остани поврзан