• недела, 22 декември 2024

Меморандум за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Црвениот крст

Меморандум за соработка меѓу Државниот завод за ревизија и Црвениот крст

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Црвениот крст ќе реализираат заеднички активности насочени кон поддршка на ранливите категории на население и промоција на хуманитарните принципи.

Активностите се дефинирани во меморандум за соработка што ќе биде потпишан денеска од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

 Двете институции ќе работат заедно во областа на крводарителството, првата помош и психосоцијалната поддршка, како и во организација на јавни настани кои ќе придонесат за доброто на заедницата.лв/нд/

 

Остани поврзан