Помал интерес за поставување тезги на неготинскиот панаѓур
- Помал е интересот за поставување тезги на неготинскиот панаѓур, во споредба со состојбата од пред две години. Ова денеска го потврдија за МИА од локалната самоуправа во Неготино.

Неготино, 19 септември 2022 (МИА) - Помал е интересот за поставување тезги на неготинскиот панаѓур, во споредба со состојбата од пред две години. Ова денеска го потврдија за МИА од локалната самоуправа во Неготино.
-Неготинскиот панаѓур традиционално со десетици години наназад, се организира на 21, 22 и 23 септември. Изминатите две години немаше панаѓур, поради пандемијата од коронавирус. Токму Ковид-19, мислиме дека е причината за помалиот интерес за поставување тезги оваа година, рекоа од Општината.
На стопанско-туристичката манифестација, вообичаено има голем број посетители од тиквешкиот регион и пошироко. И годинава имало интерес за продажба на облека, обувки, предмети за во домаќинство, разни алати и слично.свд/