• недела, 21 јули 2024

Пол се искачи на 14. место по број на асистенции во плејофот на НБА

Пол се искачи на 14. место по број на асистенции во плејофот на НБА
Феникс, 10 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол се искачи на 14. место на вечната листа асистенти во историјата на плејофот во НБА-лигата. По вториот натпревар од второто коло против Денвер одигран ноќеска (123:98), 36-годишниот Американец стигна до 974 асистенции во плејофот. Пол го престигна поранешниот играч на Лејкерс, Џери Вест кој кариерата ја заврши со 970 асистенти. Лидер по бројот на асистенции во плејофот во НБА е легендарниот играч на Лејкерс Меџик Џонсон со 2.346 додавања по кои е постигнат кош. зс/

Остани поврзан