Полјак прогласен за виновен за напад врз данската премиерка, осуден на четири месеци затвор и протеран
- Данскиот суд го прогласи за виновен Полјакот кој во јуни ја нападна премиерката на земјата, Мете Фредериксен.
Kопенхаген, 7 август 2024 (МИА) - Данскиот суд го прогласи за виновен Полјакот кој во јуни ја нападна премиерката на земјата, Мете Фредериксен.
Тој е осуден на четири месеци затвор и протеран од Данска на шест години.
Фредериксен била нападната на плоштадот Култорвет во Копенхаген кога 39-годишниот напаѓач ја турнал додека поминувале еден покрај друг. рп/
Фото: МИА архива