• среда, 15 мај 2024

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Полските земјоделци ја прекинаа повечемесечната блокада на границата со Украина

Варшава, 29 април 2024 (МИА) - Полските земјоделци денеска ја прекинаа повеќемесечната блокада на граничниот премин со Украина. 

Британските медиуми ја пренесуваат позитивната оценка на украинскиот министер за земјоделство за напорите на Полска да стави крај на блокадата и најави дека се деблокирани сите гранични премини со Полска.

Блокадите започнаа кон крајот на минатата година, по протестите на полските земјоделци поради изземањето на украинските земјоделци од барањето да аплицираат за влез во Полска. 

Варшава и Киев со месеци преговараа за изнаоѓање решение за блокадата, а Украина ја повика Европската унија да интервенира. сд/

фотро:МИА архива

Остани поврзан