• недела, 22 декември 2024

Полскиот претседател најави дека првиот мандат за формирање влада ќе му го предаде на актуелниот премиер Моравјецки

Полскиот претседател најави дека првиот мандат за формирање влада ќе му го предаде на актуелниот премиер Моравјецки

Варшава, 6 ноември 2023 (МИА) - Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека ќе му го врачи првиот мандат за формирање влада на актуелниот премиер Матеуш Моравјецки, откако неговата партија Право и правда (ПиС) победи на изборите минатиот месец.

„По смирените анализи и консултации, решив да му ја доверам мисијата за формирање влада на премиерот Матеуш Моравјецки“, изјави Дуда во телевизиско обраќање.

Коалицијата на проевропски опозициски партии освои мнозинство на изборите на 15 октомври, но пред изборите претседателот Дуда рече дека прво ќе и даде шанса на најголемата партија да формира влада.

Националистичката партија Право и правда, која е на власт од 2015 година, победи на изборите, но го загуби мнозинството. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан