Полска ги отфрли „апсурдните“ обвинувања за масовна измама со визи
- Полската влада ги отфрли, како што ги нарече „апсурдните“ тврдења во Варшава за „размерите“ на скандалот со визите издадени на странски државјани од земјата-членка на ЕУ, откако Германија изрази загриженост за ова прашање, објавија француските медиуми, пренесе БТА.
Варшава, 20 септември 2023 (МИА) - Полската влада ги отфрли, како што ги нарече „апсурдните“ тврдења во Варшава за „размерите“ на скандалот со визите издадени на странски државјани од земјата-членка на ЕУ, откако Германија изрази загриженост за ова прашање, објавија француските медиуми, пренесе БТА.
-За жал, германските медиуми се придржуваат до целосно апсурдната реторика на опозицијата за размерите на она со што се соочивме. Вчера разговарав со германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер. Јас ѝ го објаснив вистинскиот размер на проблемот, ја уверив дека ова е само изборна кампања на опозицијата и и реков да не верува во овие глупости, изјави нејзиниот полски колега Мариуш Камински за радио „Зет“.
Претходно, извор од германската влада изјави дека Фесер му се јавила на Камински и дека властите го повикале полскиот амбасадор во Берлин во врска со случајот.
-Јасно беше објаснето дека федералната влада очекува полската влада брзо и целосно да ги разјасни сериозните наводи за можна визна измама, додаде тој.
Денеска Европската комисија, пак, објави дека побарала од Полска „појаснувања“ за „алармантните“ наводи поврзани со овој случај. мс/
фото: МИА архива