• недела, 12 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Полската полиција разби мрежи за трговија со дрога и заплени дрога во вредност од 275 милиони долари

Полската полиција разби мрежи за трговија со дрога и заплени дрога во вредност од 275 милиони долари

Варшава, 19 август 2025 (МИА) - Полската полиција денеска соопшти дека разбила повеќе меѓусебно поврзани мрежи за трговија со дрога кои дејствувале низ цела Европа, запленувајќи дрога во вредност од една милијарда злоти (275 милиони долари).

Јадрото на криминалните групи го сочинувале Полјаци кои живееле во Шпанија, а некои членови имале врски со полски фудбалски хулигани, соопшти Централното истражно биро (ЦБИ) на Полска.

-За време на истрагата, запленети се 600 килограми марихуана, 180 килограми хашиш, 40 килограми амфетамин сулфат, како и седум огнени оружја и неколку стотици куршуми муниција“, соопшти ЦБИ.

Главната група шверцувала дрога во неколку делови од Европа, главно во Република Ирска, Германија, Австрија и Скандинавија. Истрагата била спроведена заеднички со агенциите за спроведување на законот од голем број земји од ЕУ, соопшти и ЦБИ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан