• петок, 27 декември 2024

Полицијата физички ги нападна опозициските лидери во Грузија поради организирање протести

Полицијата физички ги нападна опозициските лидери во Грузија поради организирање протести

Тбилиси, 5 декември 2024 (МИА) - Грузиски опозициски лидер беше насилно извлечен од канцеларијата на неговата партија од страна на полицијата, а други беа физички нападнати откако премиерот Иракли Кобахидзе вети дека организаторите на еднонеделните проевропски протести во Тбилиси, кои тој ги нарече „насилни акции“, ќе се соочат со правдата, јави денеска Би-Би-Си.

Нико Гварамиу (48), лидерот на про-ЕУ партијата Ахали - една од четирите опозициски групи - беше насилно извлечен од полицијата од седиштето на неговата партија во Тбилиси, додека други опозициски лидери беа нападнати од заседа по состанок во хотел и одлучиле да инсистираат на општ протест.

Во Тбилиси се одржуваат протести од минатиот четврток, откако владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува напорите на земјата за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Оттогаш се уапсени повеќе од 330 демонстранти, а групите за човекови права велат дека многумина биле претепани во притвор, додека властите оттогаш почнале да ги гонат опозициските водачи по острото обраќање на премиерот Иракли Кобахидзе.

„Политичарите кои го организираа насилството, а се криеја во своите канцеларии, нема да можат да ја избегнат одговорноста за настаните што се случија во изминатите денови“, предупреди тој, обвинувајќи ги демонстрантите за ширење „либерален фашизам“. зш/

Остани поврзан