• вторник, 25 март 2025

Полицијата регистрирала 667 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Полицијата регистрирала 667 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Во рамки на вчерашните полициски сообраќајни контроли биле издадени вкупно 667 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

- Притоа, по однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број 253 мерки се однесуваат на непрописно паркирање. Потоа, 90 санкции се однесуваат на непочитување на брзината на движење, па следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола 67, прекршоци за некористење на сигурносен појас 40 и за користење на мобилен телефон при возење 31 санкција, информираа денеска од МВР.

Во рамки на контролите, во три случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, шестмина возачи управувале возило под дејство на алкохол, забележани се два прекршока заради неносење заштитна кацига, а санкционирани се и четири пешаци.

Покрај ова евидентирани се и 18 нерегистирани возила како и 11 возила кои што биле технички неисправни. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 


     

Остани поврзан