• среда, 13 ноември 2024

Полицијата казни 196 возачи за брзо возење

Полицијата казни 196 возачи за брзо возење
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Во рамки на засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, полицијата изрече 196 санкции. Од нив, како што соопшти денеска МВР, 14 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, според МВР, 81 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
Од полицијата најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонесе побезбедни патишта. сст/ац/

Остани поврзан