• понеделник, 25 ноември 2024

Полицијата казни 123 возачи во Скопје, од нив 37 за брзо возење

Полицијата казни 123 возачи во Скопје, од нив 37 за брзо возење

Скопје, 28 јули 2024 (МИА) - Во рамки на контролите во областа на сообраќајот полицијата на територија на град Скопје вчера изрекла вкупно 123 мерки. Од нив, за непочитување на брзината на движење казнила 37 возачи, за возење без возачка дозвола 12, а 11 за управување возило под дејство на алкохол.

Како што информираат денеска од МВР, меѓудругите, шест казни полицијата изрекла за минување на затворен сигнал – црвено светло. 

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедноста во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан