Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар
- Полицијата денеска во 13:30 часот на улица „Џон Кенеди“ кај продажен објект во паркот ги пронајде двете малолетнички за кои на 30 март беше пријавено дека се оддалечиле, соопшти МВР.

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Полицијата денеска во 13:30 часот на улица „Џон Кенеди“ кај продажен објект во паркот ги пронајде двете малолетнички за кои на 30 март беше пријавено дека се оддалечиле, соопшти МВР.
-На улица „Џон Кенеди“, денеска во 13:30 часот, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар пронајдени се малолетничките М. К. (15) и А. А. (12), за кои на 30 март 2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле. По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите, соопшти МВР. мс/ар/