• среда, 15 мај 2024

Полицијата во Бејрут фрли солзавец врз демонстрантите

Полицијата во Бејрут фрли солзавец врз демонстрантите
Бејрут, 8 август 2020 (МИА) - Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот. Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења. Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“. Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 154 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот. Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата. паг/

Остани поврзан