• вторник, 06 август 2024

Полицијата во Бангладеш стапи во штрајк

Полицијата во Бангладеш стапи во штрајк

Дака, 6 август 2024 (МИА) – Полицијата во Бангладеш денеска објави дека стапува во штрајк, само еден ден откако протестите што се обидоа да ги задушат со смртоносна сила, ја соборија премиерката од власт.

„Додека нема безбедност за секој припадник на полицијата, ние прогласуваме штрајк“, се вели во соопштението на Здружението на полицијата во Бангладеш, кое претставува илјадници високи полициски службеници.
Во изминатите 24 часа во протестите загинаа 99 луѓе, додека од 15 јули кога почнаа немирите, таа цифра е над 400. Полицијата тврди дека 14 нивни припадници биле убиени во протестите.
зш/

Остани поврзан