Полициски службеници спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски, евакуирана публиката
- Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожарот, кој денеска околу 16:00 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Скопје, 30 август 2025 (МИА) - Полициски службеници ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир заедно со екипа од противпожарна заштита денеска презеле мерки и активности со цел спречување на ширење пожарот, кој денеска околу 16:00 часот изби во непосредна близина на спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
Како што соопшти МВР, полицајците и пожарникарите спречиле пожарот да ги зафати моторните возила и објекти како и лизгалиштето што е во склоп на спортскиот центар.

-Исто така безбедно е направена евакуација на учесниците на турнирот и сите други спортски работници и публика, нагласи МВР..
Како последица на настанатиот пожар девет полициски службеници се на кислородна поддршка на Одделот за токсикологија поради вдишување на чад и се во стабилна состојба. ац/
Фото: МВР