Политико: Писториус е најпопуларен политичар во Германија
- Германскиот министер за одбрана Борис Писториус е најпопуларниот политичар во Германија, додека актуелниот германски канцелар Олаф Шолц е меѓу најмалку популарните, пишува Политико.

Берлин, 20 ноември 2024 (МИА) – Германскиот министер за одбрана Борис Писториус е најпопуларниот политичар во Германија, додека актуелниот германски канцелар Олаф Шолц е меѓу најмалку популарните, пишува Политико.
Порталот тврди дека тоа навело многумина да се прашаат зошто Социјалдемократската партија на Германија (СПД) не се откаже од Шолц како главен кандидат за канцелар и не го номинира Писториус за таа функција.
Писториус истакна дека за него тоа прашање „не се ни поставува“.
- Имаме кандидат за канцелар. Тој е актуелниот канцелар. Се се сведува на тоа. Навистина сум многу среќен со мојата работа. Сакам да бидам министер за одбрана, изјави Писториус неодамна за германската јавна телевизија. јт/
Фото: МИА архива