• вторник, 08 октомври 2024

Покетино ја презеде репрезентацијата на САД

Покетино ја презеде репрезентацијата на САД

Остин, 11 септември 2024 (МИА) - Американскиот фудбалски тим доби нов тренер. Маурисио Покетино официјално застана на чело на селекцијата, а на клупата го наследи Грег Берхалтер кој летово доби отказ по неуспехот на Копа Америка.

Аргентинецот никогаш не работел како селектор, а ова ќе биде негово деби на клупата на една репрезентација. Негова примарна цел ќе биде да ги подготви САД за Светското првенство кое за две години ќе се одржи во оваа земја.

-Одлуката да и се приклучам на Америка не беше само за фудбалот за мене. Тоа е за патот по кој тргнал овој тим и оваа земја. Енергијата, страста, гладот ​​да се постигне нешто навистина историско овде, тоа се работите кои ме инспирираа., изјави Маурисио Покетино.

Покетино ќе дебитира на клупата на САД на 13 октомври на пријателскиот натпревар против Панама во Остин. Искусниот тренер во мај се раздели со Челси, а тренерската кариера ја започна во Еспањол.

Тој ги водеше и Саутемптон, Пари Сен Жермен и Тотенхем, со кои стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.

Со клубот од Париз ја освои титулата, Купот на Франција и Суперкупот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан