• недела, 22 декември 2024

Покетино нов селектор на САД

Покетино нов селектор на САД

Вашингтон, 15 август 2024 (МИА) - Поранешниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, ќе ја води репрезентацијата на САД, објави новинарот на Атлетик, Дејвид Орнштајн.

Според изворот, 52-годишниот Аргентинец ја прифатил поканата на Америкаците.

Последното место на работа на Покетино беше Челзи. Пред тоа беше на чело на Пари Сен-Жермен, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.

Во јули, Грег Берхалтер беше отпуштен од репрезентацијата на САД, под чие водство националниот тим не успеа да се пласира во плејофот на домашниот Куп на Америка. 

Во 2026 година, САД ќе станат една од земјите домаќини на Светското првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан