Познат редоследот за настапи на евровизиското финале, најгледан настапот на Ирска
- Најгледан евровизиски настап моментално е тој на Ирска со над 4.229.000 прегледи на „Јутјуб“. Потоа следува настапот на Хрватска со повеќе од 4.218.000 прегледи.

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Евровизискиот домаќин - Шведска ќе го отвори евровизиското финале што ќе се одржи утревечер, а Австрија ќе го затвори годинешниот музички натпревар.
Дваесет и шест песни ќе се натпреваруваат на сцената во Малме, а најголеми шанси за победа во моментов, според обложувалници на интернет, имаат песните на Хрватска, Израел, Швајцарија, Ирска и Франција.
Најгледан евровизиски настап моментално е тој на Ирска со над 4.229.000 прегледи на „Јутјуб“. Потоа следува настапот на Хрватска со повеќе од 4.218.000 прегледи. бд/са/
Фото: Официјална веб-страница на „Евровизија“