• петок, 22 ноември 2024

Познат грчки пејач затаил данок од 1,5 милиони евра

Познат грчки пејач затаил данок од 1,5 милиони евра

Атина, 4 јули 2024 (МИА) – Недвижниот имот на познат грчки пејач бил замрзнат откако Управата за спречување на перење пари, открила даночно затајување во висина од 1,5 милиони евра, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, истрагата започнала откако било откриено дека во изминатите пет години, еден од најпопуларните грчки пејачи пријавувал годишен приход од околу 50 илјади евра, износ што според медиумите е особено низок со оглед на популарноста, континуираните настапи во ноќни клубови, концерти и сл.

Паралелно, под лупата на обвинителот за справување со економски криминал се и блиските соработници на пејачот. ср/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан