• четврток, 18 април 2024

Познати сите учесници на претстојниот „Ол стар“ натпревар во НБА-лигата

Познати сите учесници на претстојниот „Ол стар“ натпревар во НБА-лигата

Њујорк, 3 февруари 2023 (МИА) – Комплетирани се составите на тимовите за НБА „Ол стар“ натпреварот на 19 февруари во Солт Лејк Сити, откако тренерите во најсилната кошаркарска лига во светот ги избраа имињата на резервистите.

Со капитенската лента ќе настапат Јанис Адетокумпо (Исток) и Леброн Џејмс (Запад), а прв пат во историјата „драфтот“ ќе биде одржан непосредно пред натпреварот.

Првата петорка на тимот од Источната конференција, покрај Адетокумпо, ја сочинуваат Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Донован Мичел и Кајри Ирвинг, додека резервисти се Бем Адебајо, Џејлен Браун, Денар Дероузан, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј и Џулиус Рендл.

Во петорката на Западот, предводена од Џејмс, ќе бидат и Никола Јокиќ, Зијон Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ, додека за резервисти се избрани Пол Џорџ, Шаи Гилджес – Александер, Џарен Џексон, Демијан Лилард, Лаури Марканен, Џа Морант и Домантас Сабонис. ег/сд/

Остани поврзан