• среда, 15 мај 2024

Познати добитниците на овогодинешниот традиционален меѓународен стрип конкурс „Златен стрип“

Познати добитниците на овогодинешниот  традиционален меѓународен стрип конкурс „Златен стрип“

Велес, 15 август 2023 (МИА) - Познати се донитниците на традиционалниот меѓународен стрип конкурс „Златен стрип“. Првата награда на конкурсот ја доби стрипот Пиг Аут на авторскиот тим Аљоша Томиќ, Милорад Милановиќ Маза и Марко Стојановиќ.

Наградата за освоено второ место ја делат Ана и Сара Живковиќ од Белград од Србија за стрипот MU•無, Даниел Данил од Романија за стрипот Правдата на Влад Тепеш, а третата награда ја делат Миодраг Спасојевиќ за стрипот Феникс – Уздизање и Војдан Андонов/ Цанко Стефанов за стрипот Кланица.

Наградата за уметнички израз ја доби авторскиот тим Марко Николиќ/Марко Стојановиќ од Србија за стрипот „Господари и слуги“. Награда за најдобро сценарио доби Младен Ољача од Србија за стрипот МY NAME IS.

Во категорија до 18 години, награда за најдобар автор од Македонија доби Елена Апостоловска-Стајковци од Скопје, за најдобар автор од други земји Аурора Тот-Апатин од Србија, за најдобар уметнички израз Влера Чиче од Скопје.

Во категорија до 14 години за најдобар автор награда доби Вилма Дамњановска од Петровец, Скопје, а пофалници Магдалена Маријановиќ од Ресен и Меланија Андова од Велес.

Специјална награда на СЦМ-Велес за најдобар автор од Македонија доби Методија Стојановски од Куманово. Наградата за највозрасен учесник ја доби Тоде Блажевски од Скопје, а награда за најмлад учесник ја доби Ивона Живковиќ од Лесковац, Србија.

-Наградите ќе се доделат за време на свеченото отварање на Интернационалниот стрип салон „Велес 2023“, што ќе се одржи на 23 август во просториите на Europe House во Велес. На конкурсот се пријавиле 171 стрип, информира Томе Трајков од СЦМ-Велес.ад/бт/

Остани поврзан