• петок, 05 декември 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

Скопје, 16 септември 2025 (МИА) - Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети. 

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот. На терен интервенирале осум противпожарни возила. бак/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан