• среда, 10 јули 2024

Пожар на свињарска фарма во атарот на село Лакавица

Пожар на свињарска фарма во атарот на село Лакавица

Штип, 23 февруари 2023 (МИА) - Во тек е пожар на голема свињарска фарма во атарот на село Лакавица општина Штип. На терен се десет пожарникари, три возила од Штипската Противпожарна единица.

Командиорт на ТППЕ Штип, Дарко Коцев, вели дека на помош им пристигнале и петмина пожарникари со едно возило од Противпожарната единица од Радовиш.

Дојавата на пожарот е пристигнат околу 16 часот.

- Во моментов го довршуваме пожарот. Има гоелма материјала штета. За причините на пожарот се уште неможе да се каже бидејќи има се уште чад, вели Коцев.

Пожарникарите остануваат на терен се додека не го ликвидираат до крај.

На лице место се и екипи на Полициска станица Штип со цел да увидат на местото на настанот. вдј/аа/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан