• среда, 10 јули 2024

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола. 

-Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје. 

Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан