МВР билтен
- Полициски службеници од СВР Скопје утринава во 00:30 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода А.Б.(33) од Радовиш, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје утринава во 00:30 часот на подрачјето на Кисела Вода го лишија од слобода А.Б.(33) од Радовиш, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје вчера околу 15:45 часот е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(55) од Тетово и мотоцикл „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Во ОВР Кочани вчера околу 17:30 часот е пријавено дека на улицата „Стамен Манов“ во Кочани, патничко возило „цитроен“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(40) од Кочани, удрило во седумгодишно дете од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Во СВР Струмица вчера во 15:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во село Дабиље, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Ѓ.(21) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски, управувано од А.С.(25) од село Смолари, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ѓ., констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.
Полициски службеници од Полициското одделение Чегране вчера во 16:10 часот го приведоа Б.Ш.(48) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 06:00 часот ги приведоа Ц.М. (38) и Б.А.(40), затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување на улицата „Браќа Миладинови“. При извршена проверка на евиденциите е утврдено дека за Б.А. има активна централна потерница за издржување казна затвор во траење од шест месеци за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на затворската казна.
Во ОВР Кавадарци завчера во 20:40 часот е пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен А.А.(21) од Кавадарци. Според пријавеното, на некатегоризиран пат во место викано „Ресавски залив“ во близина на Тиквешко Езеро, кавадаречко, А.А. управувајќи мотоцикл „јамаха“ изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен јавен обвинител.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 11:30 часот го лишија од слобода Е.И.(26) од Куманово затоа што во продажен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, сопственост на В.М.(40) од Куманово, се заканувал кон вработени и со употреба на тврд предмет го оштетил објектот. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во СВР Скопје утрово во 00:20 часот е пријавено дека настанал пожар во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид.
Во СВР Скопје вчера во 07:30 часот е пријавено дека во двор од здравствен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(46) и И.С.(46), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Н.Д.(53) од Гостивар вчера во 12:00 часот во СВР Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на физичка сила и одзело чанта со документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Е.М.(40) од Скопје вчера во СВР Скопје пријави дека на 13.04.2026 во населбата Илинден едно лице и побарало пари, по што физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
М.Б.(46) од Скопје вчера во 16:25 часот во СВР Скопје пријави дека на подрачјето на Бутел, додека се движел со неговото возило, друго возило му го попречило патот од кое излегле две лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Џ.С.(66) од село Копаница, скопско, вчера во СВР Скопје пријави дека околу 11:00 часот во село Љубин, скопско, бил физички нападнат од О.К.(64) од село Љубин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/
Фото: МИА архива